Maрко Асенсио пред почетокот на сезоната доживеа тешка повреда.
Талентираниот шпански фудбалер Марко Асенсио доживеа повреда на предните лигаменти во текот на Меѓународниот куп на шампиони во предсезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој тешко се повреди во текот на натпреварот против Арсенал, набрзо беше заклучено дека станува збор за една од најтешките повреди во фубалот и дека за Шпанецот сезоната е завршена уште пред да започне.
Пет месеци откако се повреди Асенсио започна да се враќа во ритам, започна да тренира со топка и изгледа дека би можел да запише некој настап до крајот на сезоната.
Тоа е добра вест за Зидан, иако впечаток е дека сериозно на Асенсио нема да може да смета оваа сезона, меѓутоа работите одат во добра насока.
Look who is backing training with ball in Real Madrid ⚽️
— RM Play ▶️ (@RMPIay) December 19, 2019
El Níno Aseseino “Marcos Asensio” ? #RealMadrid #Asesnio pic.twitter.com/aKBfc5J1YP