Дома Боречки спортови Оверем ја покажа раната по страшната повреда (видео)

Оверем ја покажа раната по страшната повреда (видео)

Алистер Оверем неодамна доби тешка повреда во мечот против Јиржи Розенструик.

Холандскиот ММА борец остана без делот од устата неколку секунди пред крајот на мечот, по еден удар од страна на противникот и борбата беше прекината.

Снимките на повредата предизвикаа лавина од реакции, а 12 дена по борбата Оверем ја покажа раната по операцијата. Меѓутоа, смета дека мечот е прерано прекинат.

„Тоа беше добра борба. Ги добивав рундите, но судијата пребрзо ја прекина борбата. Бев во нокдаун, но не бев во безсознание. Веднаш застанав на нозе”, истакна Оверем.

Легендарниот Оверем поради повредата сигурно нема да го гледаме во октагонот неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …