Дома Фудбал Останато Ливерпул со гол во судиското продолжение закажа спектакл со Фламенго (ВИДЕО)

Ливерпул со гол во судиското продолжение закажа спектакл со Фламенго (ВИДЕО)

Ливерпул го победи мексиканскито Монтереј вечерва во Доха во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Јирген Клоп на терен испрати комбиниран состав, Вирџил Ван Дајк воопшто не беше во конкуренција за настап, а на крајот потешко од очекувањата „црвените“ се пласираа во финалето. Победничкиот гол европскиот шампион го постигна дури во судиското продолжение од второто полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од самиот старт Ливерпул доминираше на теренот. Прво од далечина се закани Шакири, за веќе во следниот напад да постигнат гол. Во 11.минута за водство на Ливерпул погоди Кеита. Треба да се истакне дека во оваа Салах испрати едно супер додавање. Монтереј брзо се врати и преку Фунеј изедначи само две минути подоцна.

Како што изминуваше натпреварот двете екипи играа се повќе отворено, се бараше гол…Од кај Монтереј се закануваше Пабон, за Ливерпул одлични прилики пропушти Ориги, а гол видовме во судиското продолжение. Фирмино после додавањето од Арнолд постигна гол за 2:1.

Во финалето Ливерпул ќе игра против Фламенго, тој натпревар се игра на 21.декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…