Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо вели дека Манчестер Сити ќе биде тежок противник за „кралевите“ во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Првиот натпревар ќе се игра во Мадрид на 26 февруари, додека реваншот во Манчестер ќе биде на распоред на 17 март 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во оваа фаза од натпреварувањето сите противници се тешки. Сити е моќен ривал и двомечот сигурно ќе биде возбудлив. Ние ќе се припремиме добро, бидејќи Сити е ривал кој бара да го дадеме најдоброто од себе“, изјави Бутрагењо.
„Тие вложуваат многу пари, но ние сме Реал Мадрид и сме во позиција да играме против било кого. Навикнати сме на натпревари од ова ниво, тоа ќе биде одлично за навивачите“, додаде диеректорот на „кралевите“.
Реал Мадрид и Манчестер Сити се сретнаа во полуфиналето од ЛШ 2016 година, а тогаш „кралскиот“ клуб беше поуспешен, а единствениот гол во 180 минути игра го постигна Герет Бејл.
Што изјавија од таборот на Манчестер Сити за ждребот можете да прочитате ОВДЕ.