Дома Фудбал Англија Сити за ждребот: Сакаме да бидеме најдобри, па треба да ги победиме најдобрите

Сити за ждребот: Сакаме да бидеме најдобри, па треба да ги победиме најдобрите

Директорот на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн го коментираше ждребот и средбата со Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампиони.

„Се разбира дека ова е тежок ждреб. Реал Мадрид е 13 пати победник во Лигата на шампиони, а тоа значи дека се најдобрите. Ние сакаме да станеме најдобри, па треба да ги победиме најдобрите“, изјави Бегиристајн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Секогаш е задоволство да играш против Реал на голем стадион како Сантиаго Бернабеу. Знаеме против кого ќе играме, но знаеме и со што располагаме. Во првенството Ливерпул создаде голема предност, но ние треба до крај да се бориме за сите натпреварувања“, додаде директорот на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…