Дома Фудбал Италија Милан денес слави роденден: Грандиозно дефиле на легендите на „Сан Сиро“

Милан денес слави роденден: Грандиозно дефиле на легендите на „Сан Сиро“

Италијанскиот гигант Милан денес на мечот против Сасуоло ќе го прослави својот 120-ти роденден.

Седумкратниот европски шампион е формиран на 30-ти декември 1899 година,  а на денешниот меч ќе започне јубилејната прослава која ќе се одбележува цела една недела.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На полувремето, на теренот треба да се појават многу клупски легенди, вклучувајќи ги Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан, Паоло Малдини, Алесандро Костакурта, Жан-Пјер Папен, Пипо Инѕаги, Даниеле Масаро, Деметрио Албертини и други, а од тренерите ќе се појават Ариго Саки, Фабио Капело и Масимилиано Алегри.

Карло Анчелоти поради оправдани причини нема да може да присуствува на церемонијата, но преку социјалните мрежи испрати честитики до клубот каде имаше голем успех како играч и тренер.

На „Сан Сиро“ денес ќе биде и легендарниот претседател на „росонерите“ Силвио Берлускони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…