Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ во јануарскиот преоден рок.
Трпението на луѓето во Барселона истече, Дембеле влезе во серија повреди, а неговиот неспортски живот веќе е добро познат и на јавноста. Поради тоа менаџерот Муса Сисоко кој го застапува младиот фудбалер веќе започнал да преговара со заинтересираните страни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 2017 година Французинот беше платен 125 милиони евра и се чинеше дека ќе биде новата голема ѕвезда на Барселона, но Дембеле не ги оправда очекувањата и до сега постигна „само“ 19 гола и 17 асистенции на 74 настапи.
За Дембеле се интересираат Челзи, Арсенал и Манчестер Сити, а италијанските медиуми тврдат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Милан.
Имено, Малдини пред неколку дена имал средба со спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал и на неа зборувале за Дембеле.
„Росонерите“ сакаат да го донесат младиот Французин на позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп следното лето, па останува да видиме дали ќе успеат во својата намера.