Поранешниот репрезентативец на Македонија, Музафер Ејупи денес објави крај на кариерата иако има 31 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ејупи кој го носи дресот на хрватски, Славен Белупо преку официјалната страна на клубот објави дека поради здравствени проблеми е принуден да се збогува со фудбалот.
„Изморен сум и физички и психички. Минував и се уште минувам низ здравствени проблеми кои оставија трага на мене. Се е под контрола и за тоа сум благодарен на Бог, но на тренинзите и натпреварите не е како порано, не можам да го дадам максимумот. Шест месеци сум тука и едноставно не оди. Здравјето го ценам најмногу и затоа морам да му кажам збогум на фудбалот“.
„Здравствените проблеми дојдоа кога бев на врвот на својата кариера и кога играв на високо ниво. Одлично се чуствував во Осијек и чуствував дека сум блиску до голем трансфер, а тогаш започнаа проблемите со бубрезите и ништо не беше исто. Се вратив, но почуствував дека не можам да играм со ист интезитет“, изјави Ејупи.
Ејупи е производ на фудбалската школа на Вардар, а настапуваше уште за Металург, Шкендија и Турново кај нас, додека надвор од нашите граници го носеше дресот Карталспор во Турција, додека во Хрватска беше дел Осијек и сегашниот негов клуб Славен Белупо.
За сениорската репрезентација на Македонија настапи на два натпревари.