Синоќа Наполи му врачи отказ на Карло Анчелоти, а за негов наследник ќе биде назначен неговиот „пулен“ Џенаро Гатузо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми уште вчера најавија дека Наполи има комплетен договор со екс тренерот на Милан, а повеќе нема дилеми дека Гатузо ќе седне на кормилото на Наполи.
Гатузо утрово пристигна во Неапол, па се очекува само официјализација на неговото назначување на нов тренер.
Попладнево Гатузо ќе го одржи првиот тренинг со тимот, а вечер или утре ќе се појави на пресконференција.

