Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ доколку за него пристигне добра понуда, пренесуваат шпанските медиуми.
Трпението на луѓето во Барселона истече, Дембеле влезе во серија повреди, а неговиот неспортски живот веќе е добро познат и на јавноста. Поради тоа менаџерот Муса Сисоко кој го застапува младиот фудбалер веќе започнал да преговара со заинтересираните страни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Дембеле се интересираат Челзи, Арсенал и Манчестер Сити кои би можеле да го ангажираат за многу помалку пари од тоа што го донесе Барселона од Борусија Дортмунд.
Челзи веќе започнал преговори со агентот на Дембеле и ја испитува можноста за трансфер во јануари, иако Шпанците тврдат дека агентот не добил дозвола од Барса за преговори.
Каталонците за Дембеле потрошија 140 милиони евра и се надеваат дека ќе вратат поголем дел од вложената сума. Шпанските медиуми тврдат дека трансферот би можел да изнесува околу 90 милиони евра.