Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Наполи и Ливерпул со рутински победи до осминафинале

Видео: Наполи и Ливерпул со рутински победи до осминафинале

Наполи и Ливерпул ја потврдија фаворитската улога и со рутински победи обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Наполи запиша висока победа од 4:0 над Генк, во натпревар во кој Елмас го проследи од клупата, а во главна улога беше Аркадиус Милик.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Полскиот напаѓач постигна три гола во првото полувреме и го реши победникот, а точка на натпреварот стави Мертенс од белата точка.

Ливерпул не калкулираше во Салцбург и од самиот старт тргна во офанзива по трите бода. Првата голема шанса ја имаа домашните, но Алисон беше на висината на задачата.

Во второто полувреме „црвените“ го решија мечот во само три минути. Најпрво Кеита, а потоа и Салах му донесоа победа на Ливерпул од 2:0 и прво место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…