Дома Фудбал Ѕвезда на Барселона ќе паузира неколку недели поради полова болест

Ѕвезда на Барселона ќе паузира неколку недели поради полова болест

Играчот за врска на Барселона, Артур боледува од венерична болест гонореа, или како што е позната меѓу народот трипер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова утрово го соопштија шпанските медиуми и потврдија дека поради тоа Бразилецот ќе мора да паузира одреден период.

Поради таа причина Артур беше надвор од тимот за мечот со Мајорка овој викенд, но официјалната верзија на клубот дека играчот има мускулни проблеми.

„Ла Сотана“ информира дека Каталонците намерно пуштиле лажни информации за болеста со надеж дека ќе ја скријат вистината од пошироката јавност.

Лечењето од трипер е со антибиотици и тоа во период од неколку недели, па останува да видиме колку време Артур ќе биде надвор од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем скандал во Турција: Претседателот на Фенербахче осуден на затворска казна!

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден на две и по…