Дома Фудбал Не е Барса Б ама не е и најсилниот состав: Валверде го објави тимот за гостувањето во Милано

Не е Барса Б ама не е и најсилниот состав: Валверде го објави тимот за гостувањето во Милано

На Интер му е неопходна победа против Барселона во последното коло од ЛШ, а шансите за такво нешто се зголемуваат откако Каталонците го објавија составот.

Не е Барса Б, но не е и најасилниот состав. Барселона во Милано ќе гостува без Меси. Валверде одлучи да го одмори Аргентинецот во шестото коло од Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај Меси повик не добија Жерар Пике и Серхио Роберто, а од поодамна надвор од тимот се Осман Дембеле, Артур, Алба и Нелсон Семедо. На шанса во Милано ќе се надеваат младите играчи како: Ансу Фати, Инаки Пења, Карлес Перез, Рики Пуиг, Роналд Араухо и Дани Морера.

Навивачите на Интер се надеваат на победа бидејќи само таа им гарантира место во топ 16 доколку Борусија славија против Славија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…