Дома Фудбал Англија На Јунајтед не му оди ама за тимовите од „големата шестка“ сезонава е непобедлив

На Јунајтед не му оди ама за тимовите од „големата шестка“ сезонава е непобедлив

Mанчестер Јунајтед вчера го победи Тотенхем во дербито во Премиер лигата (2:1).

Јунајтед се мачи и оваа сезона, а после вчерашната победа „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 7. позиција на табелата што секако е далеку послабо од очекувањата пред почетокот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа ако нешто добро треба да се издвои кај Јунајтед тоа се резултатите против тимовите од „големата шестка“.

Избраниците на Солскјер имаат учинок од три победи и две нерешни во натпреварите со Челзи (два пати), Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Против Челзи Јунајтед има две победи од 4:0 и 2:1, вчера го победија Тотенхем, а против Арсенал и Ливерпул одиграа 1:1.

Дефинитивно ако фудбалерите на Јунајтед констатно играа како во дерби натпревите сега нема да се наоѓаа на споменатата седма позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…