ПСЖ вчера пред своите навивачи го победи Нант со 2:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Парижаните до новите три бода дојдоа со головите во второто полувреме. Домаќините поведоа во 52. минута со мајсторскиот гол со пета на Мбапе. Натпреварот беше решен во 85. минута кога Нејмар од пенал ги постави конечните 2:0.
Во таа ситуација Нејмар со прославата на голот повторно ги налути навивачите на ПСЖ.
При прославата Нејмар на навивачите кои му свиреа во текот на натпреварот им гестикулираше да молчат што на фановите секако не им се допадна.
