НБА лигата крена многу прашина со својот избор за играч на годината.
Секоја недела НБА лигата ги избира најдобрите играчи од Источната и Западната конференција, но изгледа за минатата недела направија голем пропист.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Никој не го оспорува тоа што Јанис Антетокумпо е избран за играч на неделата на Исоткот бидејќи членот на Милвоки оствари со својот тим четири победи со просек од 34.8 поени, 11.3 скокови и 4.0 асистенции.
Меѓутоа како наградата на Западот заврши во рацете на Кармело Ентони!? Во ред, неговиот Портланд запиша три победи во три натпревари, а Мело оствари солиден учинок од 22.3 поени по натпревар со 7.7 скокови и 2.7 асистенции, но Лука Дончиќ беше далеку подобар.
Младиот Словенец го сруши и Леброн Џејмс, запиша и некои одлични бројки, а всушност каде е и Џејмс Харден? Харден кошот на Атланта го наполни со 60 поени.
NBA Players of the Week for Week 6!
— NBA (@NBA) December 2, 2019
East: @Giannis_An34 (@Bucks)
West: @carmeloanthony (@trailblazers) pic.twitter.com/PZqmu18RvG