Дома Фудбал Италија Нема крај на хаосот во Неапол: Елмас повторно во карантин!

Нема крај на хаосот во Неапол: Елмас повторно во карантин!

Фудбалерите на Наполи откако еднаш го прекинаа карантинот во кој нареди да бидат првиот човек Аурелио Де Лаурентис сега ќе одат повторно, но овој пат по наредба на Карло Анчелоти.

Во последните недели во Наполи има многу проблеми. Кога Де Лаурентис се обиде да ги стави играчите во карантин седумдневен карантин тие ја почитуваа наредбата само три дена, а после натпреварот кој го играа со Салзбург во ЛШ се упатија во своите домови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради тоа Де Лаурентис фудбалерите ги казни со вкупна сума од 2.5 милиони евра.

На денешниот состанок било одлучено играчите утре нормално да се вратат на тренинг, а од среда да останат заедно се до натпреварот со Удинезе.

Анчелоти мора што побрзо да најде решение за кризата, Наполи е веќе осум натпревар без победа во сите натпреварувања.

После 14 одиграни кола Наполи се наоѓа на седмото место и на трката за Скудетото повеќе никој не помислува, а прашање е дали клубот ќе се избори и за место во топ 4 од кое заостануваат осум бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Европски гигант подготвен да плати „солено“ за Страхиња Павловиќ!

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра сезона од соништата во дресот на Милан и с…