Бидејќи низата без победа се продолжи на дури осум натпревари, тренерот на Наполи демантираше дека играчите се свртеле против него.
Наполи во саботата изгуби на домашен терен од Болоња со 2:1 и овој тим нема победа уште од 23. октомври.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притисокот на Анчелоти е се поголем, тимот цаостанува цели 17 бодови зад лидерот Интер и осум бодови од местото кое води во Лигата на шампионите.
„Се пишува дека тимот се свртел против мене. Но, не е така. Имам одличен однос со екипата, никој не покажал непочитување, не гледам некој лош однос меѓу нас. Секој ден разменуваме идеи, а оваа ситуација мораме брзо да ја решиме бидејќи сме очајни“, изјави италијанскиот стратег.
Наполи кој одигра 1:1 со Ливерпул во средата во Лигата на шампионите има шест нерешени натпревари и два порази на последните осум натпревари.
„Не е проблем тактиката, проблем е ставот. Против Ливерпул покажавме голема цврстина, а игравме со тројца во средниот ред. Примивме многу голови, тоа е точно и потребна ни е цврстина, мораме да се поправиме и од ментален аспект така што ќе превземеме одгворност на теренот. Навивачите се разочарани и можам само да се согласам со нив“, заклучи Анчелоти.
Следниот викенд Наполи гостува во Удине и тоа ќе биде дуел на нашите Несторовски и Елмас.