Дома Фудбал Зидан за Винисиус: Сега не е е негово време, но нема да оди никаде!

Зидан за Винисиус: Сега не е е негово време, но нема да оди никаде!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес се појави пред новинарите во пресрет на мечот со Алавес од 15-то коло во Примера.

„Кралскиот“ клуб утре во 13 часот му гостува на Алавес и сака да ја продолжи серијата од добри игри. Медиумите ги интересираше статусот на Винисиус Јуниор, кој не добива многу минутажа оваа сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Винисиус нема да го напушти клубот. Имаме тим од 26 играчи, вистина е дека не играше многу во последно време, но ќе игра. Сега не е негово време, но би можело да биде наскоро“, истакна Зидан.

„Прооблем е што тука е уште еден играч – Родриго. Едноставно мора да биде спремен кога ќе добие шанса. На таа позиција го имаме и Азар. Винисиус тренира добро, исто како и претходната година, но сега имаме други фудбалери кои се во подобра форма“, објасни Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само Влаховиќ купувал часовници од обложувалница каде што неговите колеги се обложувале

Аферата во Италија околу нелегално обложување на фудбалери на натпревари е во полн ек. Јав…