Унаи Емери доби отказ година и полoвина откако стана тренер на Арсенал. Привремено на клупата го наследи Фреди Љумберг. Играчката легенда на „топџиите“ ќе го води тимот против Норвич во недела, но јасно е дека тој не е трајно решение.
„Скај Спорт“ открива дека првата желба на раководсвото за трајно решение на клупата бил Масимилиано Алегри, бившиот тренер на Јувентус кој е моментално без ангажман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на „топџиите“ стапило во контакт со Алегри, но италијанскиот стратег ја одбил понудата со образложение дека не сака да презема клуб на средина од сезоната.
Така Арсенал ја продолжува потрагата по нов тренер, а англиските медиуми сега тврдат дека фаворит за испразнетото место е актуелниот менаџер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто.
Познат првиот фаворит за наследник на Емери https://t.co/4D59EKcHyl pic.twitter.com/YyHoYGliMb
— Sportski.mk (@Sportski_mk) November 29, 2019