Дома Фудбал Останато Мурињо до новинарите: Зарем навистина тоа ме прашувате?

Мурињо до новинарите: Зарем навистина тоа ме прашувате?

Жозе Мурињо неодамна седна на клупата на Тотенхем.

„Специјалниот“ на клупата на лондонскиот тим го наследи Маурисио Покетино и оствари две победи во два одиграни натпревари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес уште еден лондонски тим остана без менаџер. Унаи Емери остана без работа во Арсенал, а англиските новинари ги интересираше дали Мурињо би прифатил да работи во Арсенал ако не потпишел договор со Тотенхем.

„Зарем навистина тоа ме прашувате? Нема поента да зборува за тоа. Среќен сум тука и не размислувам за другите клубови. Сега да ме прашате за било кој клуб во светот би ви кажал не“, изјави Мурињо.

Прилика Мурињо да стигне до втората победа во Премиер лигата и трета во сите натпреварувања ќе има утре кога неговиот тим ќе игра против Бурнемоут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …