Дома Фудбал Англија Eмери си го заслужи отказот: Венгер вака не се посрамоти за 22 години

Eмери си го заслужи отказот: Венгер вака не се посрамоти за 22 години

Унаи Емери денес доби отказ на клупата на Арсенал, а ако се погледнат бројките кои ги забележуваше со клубот од Лондон тогаш не можеме да кажеме и дека не го заслужи.

Емери со Арсенал не победи на псоледните седум натпревари во сите натпреварувања, а такво нешто на Венгер му се немаше случено во цели 22 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал вчера изгуби од Ајнтрахт и така пропушти да го обезбеди пласманот во нокаут фазата, за такво нешто му беше потребен бод.

Резултатите беа очајни, а освен тоа Емери изгледаше како да ги изгуби конците секој викенд излегуваше со различен состав. Во Премиер лигата не знаат за победа во последните пет кола и после 13 кола Арсенал освои 18 бодови, тоа придонесе од лидерот Ливерпул да бидат одалечени огромни 19 бодови.

Но, уште полошо звучи податокот дека Арсенал не запиша победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања, такво нешто на Венгер не му се случи во 22 години. Французинот во тој период го водеше Арсенал ан 1235 натпревари. Последен пат Арсенал подолго чекал на победа во 1992 година под водство на Џорџ Гарахам (осум натпревари).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…