Дома Фудбал Англија Ливерпул ја има најлошата дефанзивна низа во последните 21 година

Ливерпул ја има најлошата дефанзивна низа во последните 21 година

Eкипата на Ливерпул во последно време има големи проблеми да ја зачува сопствената мрежа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со вчерашниот гол на Мертенс во 5. коло од Лигата на шампионите Ливерпул постави негативен рекорд во последните 21 година.

Точно 21 година помина од кога Ливерпул последен пат примил барем по еден гол на 11 натпревари во низа. На последните 11 натпревари голови против Ливерпул постигнуваа: Салзбург (3), Лестер (1), Манчестер Јунајтед (1), Генк (1), Тотенхем (1), Арсенал (5), Астон Вила (1), Генк (1), Манчестер Сити (1), Кристал Палас (1) и Наполи (1).

На дури осум од овие 11 натпревари Ливерпул победи и три пати одигра нерешено. Тука треба да се спомене дека против Арсенал победија на пенали откако одиграа 5:5, па доаѓаме до тоа дека се остварени девет побди што е секако одлично.

Ливерпул наредниот натпревар го игра во сабота против Брајтон на домашен терен и тоа ќе биде добра прилика да се прекине оваа негативна низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кој фудбалер ќе „лета“ од Барселона зашто Флик договорил засилување од Дортмунд

Карим Адејеми според сите изгледи ќе биде ново засилување на Барселона бидејќи преговорите…