Менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е фаворит да го замени Унаи Емери на клупата на Арсенал, тврдат медиумите на Островот.
На Емери му се заканува отказ поради слабите резултати од почетокот на сезоната. „Топџиите“ немаат победа веќе шест меча и се на 8 бода од четвртото место кое води во Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еспирито Санто одлично го води Вулрверхемптон, го донесе до елитата, а минатата сезона избори учество во Лига Европа, а во моментов тимот е на 5-то место во Премиер лигата.
Во последно време многу тренерски имиња се поврзуваат со клупата на Арсенал. Како фаворити важеа помошникот на Гвардиола, Микел Артета и Маурисио Покетино.
Последните информации од Островот се дека токму Еспирито Санто е прв избор на раководството на „топџиите“ кои веќе стапиле во контакт со неговите агенти.