Дома Фудбал Лига на шампиони Хари Кејн вчера во ЛШ сруши рекорд на Дел Пиеро

Хари Кејн вчера во ЛШ сруши рекорд на Дел Пиеро

Во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите Тотенхем на свој терен го совлада Олимпијакос со 4:2.

Работите за англискиот клуб не тргнаа добро затоа што Олимпијакос после 20 минути игра имаше предност од 0:2, сепак со голот пред крајот првото полувреме и трите во второто Тотенхем направи пресврт.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со овие два гола Кејн стигна до 20 голови и стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до таа бројка во најелитното европско натпреварување. Интересно е што на оваа листа во топ 5 ги нема ниту Меси, ниту Роналдо.

На Кејн да стигне до 20 голови потребни му беа 24 натпревари. Зад него на оваа листа се Дел Пиеро, Руд Ван Нистерлој, Филипо Инзаги и Марио Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Крос за реваншот со Арсенал: Првите 15 минути ќе бидат решавачки

Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Арсенал во Лондон во првиот натпревар од четвртфиналето…