Баерн синоќа ја понижи Црвена звезда со 0:6 на стадионот Рајко Митиќ. Брилијантниот Роберт Левандовски постигна само четири гола за само 15 минути.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По ваквото демолирање на противникот, фудбалерите на Баерн се очекуваше да добијат одредено време да се опуштат и да се вратат дома во Минхен.
Сепак, по натпреварот, Ханси Флик им даде јасна задача на своите играчи – ги испрати на трчање!
Имено, фудбалерите на германскиот шампион по натпреварот заминаа на помошниот терен на стадионот Рајко Митиќ каде одработија кондиционен тренинг.
Можеби овој потег на великаните од Баварија најдобро илустрира колку е сериозен Баерн и зошто со децении со право е еден од најуспешните клубови во светот.