Тимот на Тотенхем вчера со пресврт успеа да слави на домашен терен против Олимпијакос.
Изгледаше дека Олимпијакос ќе го расипе дебито на Жозе пред домашните гледачи бидејќи после 20 минути игра грчкиот тим имаше 0:2. Сепак, во продолжение од натпреварот Тотенхем постигна четири гола и ги однесе трите бода.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првиот гол Toтенхем го постигна пред крајот на првото полувреме и сигурно дека тоа беше важен момент. Освен играчите на теренот како херој во оваа ситуација се покажа и едно од децата кои собираат топки.
Детето брзо реагираше и му овозможи на Тотенхем брз напад додека одбраната на Олимпијакос не беше наместена.
Овој потег го забележа и Мурињо кој го изгушка и му се заблагодари на детето. Покрај тоа Жозе и јавно го пофали.
„Навистина сакам интелегнтни деца кои враќаат топки. Исто како кога јас бев дете. Денес детето беше брилијантно. Ја прочита играта и имаше одлична асистенција. Тој гол пред полувремето за нас беше многу важен“, изјави Мурињо.
Mourinho congratulates Tottenham ball boy after brilliant quick-thinking to assist goal#Mourinho #ballboy pic.twitter.com/Pm4QYfykHR
— Dat Nguyen (@nguyenxdat312) November 26, 2019
? ? ?#UCL ⚪️ #COYS
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) November 26, 2019
pic.twitter.com/0GeheuDOoK