Дома Фудбал Уште еден тренер пред отказ во Премиер лигата, се враќа Дејвид Мојс

Уште еден тренер пред отказ во Премиер лигата, се враќа Дејвид Мојс

Менаџерот на Евертон, Марко Силва имал средба со сопствениците на клубот и се наоѓа пред отказ, пренесуваат медиумите на Островот.

Причината е слабата игра на тимот, а капкара која ја прели чашата е домашниот пораз од Норвич во последното коло.

Веднаш по натпреварот, Марко Силва имал состанок со сопственикот на клубот, Фархад Мошири и директорите на Евертон, кои сега мора да одлучат за неговата иднина.

Тимот од Ливерпул загуби шест од последните девет натпревари во лигата и во следните натпревари ќе се соочи со Ливерпул, Лестер, Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.

Англиските медиуми најавуваат сензационално враќање на Дејвид Мојс на кормилото на Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …