Враќањето на нејмар после повредата не помина онака како што планираше Бразилецот.
Вчера се најде во стартниот состав против Лил, но не одигра добар натпревар. На теренот Нејмар помина само 64 минути кога Тухел одлучи да го замени.
One hour into Neymar's return for PSG…
— Goal (@goal) November 22, 2019
0 shots
0 key passes
1 cross
64% passing accuracy
20 times lost possession
? pic.twitter.com/ERn4t9yJEq
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Место Нејмар во игра влезе Мбапе кој пред натпреварот не се чуствуваше најдобро, сепак одигра половина час.
Нејмар покажа незадоволство поради замената. При излегувањето се поздрави со Мбапе, но не Тухел не го ни погледна и отиде право во соблекувалната, нешто слично како што направи Роналдо против Милан.
Ова сигурно не беше паметен потег затоа што навивачите на Нејмар се уште не му простиле за отворениот обид да исфорсира трансфер во Барселона. Оваа ситуација после натпреварот кратко ја прокоментира и Томас Тухел.
„Не го забележав тоа бидејќи бев фокусиран на тактичката промена. Ќе мораме да разговараме“, изјави Тухел.