Дома Фудбал Италија Се се менува, само Марио никако: Балотели избркан од тренинг!

Се се менува, само Марио никако: Балотели избркан од тренинг!

Минатото лето Марио Балотели пристигна во Бреша како слободен играч, па издржа скоро четири месеци за во свој стил да го направи првиот инцидент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека денес тренерот на Бреша, Фабио Гросо го избркал Балотели од тренинг со зборовите: „Марио, оди си“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Наводно, прилина за таквата одлука на Гросо било тоа што Балотели влегов во конфликт со еден од играчите.

Марио во текот на целиот тренинг бил нервозен, па откако бил отстранет, отишол во соблекувалната, а потоа со својот автомобил си заминал дома.

Причината за нервозата на Балотели може да биде и одлуката на Националниот апелационен суд на за укинување на делумната суспензија на стадионот во Верона, каде Марио беше мета на расистички навреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неочекуван исход: Геј го нокаутира Кин, доби црвен картон, а потоа следеше вистински „рингов“ спектакл! /ВИДЕО/

Мајкл Кин и Идриса Геј предизвикаа вистински хаос за време на натпреварот на Евертон проти…