Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд застана во одбрана на својот менаџер, Оле Гунер Солскјер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната во Премиер лигата, па често се шпекулира со отјаз на Солскјер, а Рашфорд смета дека тој е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“.
„Оле е одличен човек. Тој секогаш ги поставува интересите на клубот на прво место и нема подобар за оваа работа од него. Тоа е моето мислење“, изјави Рашфорд, кој во последно време е во одлична форма.
„Ако се пласираме во Топ 4, а не освоиме ниту еден трофеј нема да бидеме задоволни. Сезоната ќе биде успешна само ако подигнеме трофеј и се пласираше меѓу првите четири во Премиер лигата. Сите знаеме дека работите нема да се променат за една ноќ, потребно е време“, додаде младиот Англичанец.