Европскиот шампион Леверпул, најави дека повторно планира дополнително да го прошири капацитетот на својот стадион „Енфилд“, поради зголемиот интерес за домашните натпревари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Клубот поделил повеќе од 5.000 летоци за да го повика локалното население и дел од бизнисмените на јавни средби на кои ќе се зборува за зголемување на капацитетот на стадионот.
Интересно за да се гледа тимот на Јирген Клоп е огромен па го надминува капицитетот на „Енфилд“ кој изнесува 54.000 седишта, посебно по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.
Поради тоа најавена е нова реконструкција со која капацитетот на Енфилд ќе се зголеми за нови 6.000 места, односно ќе има капацитет од 60.000 места.
Интересно е што „црвените“ пред само три години инвестираа 130 милиони евра во доградба на својот стадион, кој претходно имаше капацитет од 45.000 места.