Дома Фудбал Англија Мурињо од првиот човек на Тотенхем побарал само едно ветување

Мурињо од првиот човек на Тотенхем побарал само едно ветување

Жозе Мурињо вчера го превзема тимот на Тотнехем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После скоро една година пауза Мурињо се врати на тренерската работа, а во лондонскиот тим го замени Маурисио Покетино кој доби отказ после пет години поминати во клубот.

Меѓутоа, иако одредени англиски медиуми веќе ја составија листата на играчи кои Мурињо сака да ги доведе во јануари од тоа нема да има ништо. Првиот човек на Спарси Даниел Леви според информациите на „Гардијан“ на Мурињо уште на преговорите му соопштил дека нема да има пари за нови играчи во јануари.

Така португалскиот стратег ќе мора да работи со екипата која ја поседува. Големи потпис нема да има, Мурињо од Леви побарал само едно нешто.

Имено, тој сакал Леви да му вети дека во никој случај нема да го продаде Хари Кејн, такво ветување и добил од Леви.

Ќе потсетиме, Мурињо со Тотенхем потпиша договор на четири години и ќе добива 15 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…