Дома Фудбал Англија Тотенхем го објави составот на Мурињо во стручниот штаб

Тотенхем го објави составот на Мурињо во стручниот штаб

Маурисио Покетино замина, а Жозе Мурињо од денеска е нов тренер на Тотенхем.

Специјалниот веднаш отиде на работа и започна да ги бара стручните лица кои би го сочинувале неговиот стручен штаб.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Мурињо го доби она што го посака и Тотенхем го потврди составот на новиот стручен штаб.

Најголеми желби на Мурињо беа Жоао Сакраменто и Нуно Сантос, кои беа „украдени“ од Лил и пристигнаа во Лондон.

Покрај нив, во екипата на Мурињо ќе бидат и Карлос Лалин, Рикардо Формосињо и Џовани Сера.

Жоао Сакраменто ќе биде првиот асистент на Мурињо, а Нуно Сантос ја презеде функцијата тренер на голманите.

Кондиционен тренер е Карлос Лалин, а Сера ќе ја анализира техниката, додека Формосињо тактиката. Сера и Фоемосињо во минатото веќе соработувале со Мурињо.

Првиот предизвик за новиот штаб на Мурињо и Тотенхем ќе биде гостувањето кај Вест Хем (сабота, 13:30 часот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …