Дома Фудбал Италија Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Кристијано Роналдо минатата година пристигна во Јувентус и од тогаш многу работи се променија во Торино.

Се промени и ставот на останатите играчи спрема платата која ја добиваат од Старата дама.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калчомеркато пишува дека барањата од играчите на Јувентус околу примањата се зголемиле од доаѓањето на Роналдо, а јасен показател за таквата ситуација е случајот со Бонучи.

Искусниот дефанзивец потпиша нов договор со Јувентус, со кој му се гарантираа драстично поголеми примања.

Така, 32-годишниот дефанзивец наместо 5,5 ќе заработува 7,5 милиони по сезона.

Се очекува наскоро по неговите стапки да тргнат и уште неколку играчи на Јуве.

Инаку, Кристијано Роналдо од Јувентус годишно добива повеќе од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…