Дома Фудбал Останато Шок за славниот напаѓач: Судот му го конфискува имотот!

Шок за славниот напаѓач: Судот му го конфискува имотот!

Еден од најдобрите напаѓачи од Балканот во поновата историја, Мирко Вучиниќ се соочи со приватни проблеми.

Поранешниот капитен на Црна Гора се најде под истрага на властите во Италија и против него беа отворено обвиненија под сомневање дека затаи данок со вредност од околу шест милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вучиниќ не ја пријавил заработката која ја остварил играјќи за Ал Џезеира во Обединетите Арапски Емирати. Според информациите на италијанските медиуми, Вучиниќ требало да плати данок во износ од 1.4 милиони евра во 2014 година, 1.9 милиони евра во 2015 и 2016 година и 542.000 евра во 2017 година.

„Медијасет“ објави дека судијата Серџо Тоси го прифатил барањето на обвинителот Масимилијано Кардучи додека трае постапката да биде конфискуван имотот на славниот фудбалер.

Црногорецот во Италија играше за Лече, Рома и Јувентус од каде што во 2014 година направи трансфер во Ал Џезеира. Во клубот од Абу Даби и ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…