Дома Ставови Што ви зборував!? Феенорд на врвот го врати човекот на кого му се смееше цела Холандија

Што ви зборував!? Феенорд на врвот го врати човекот на кого му се смееше цела Холандија

Ротердам е необичен град. Кој имал прилика да го посети тешко може да го опише во една реченица. Во Втората светска војна бил срушен до земја, во градот нема многу работи што потсетуваат на неговата историја.
Градот и неговите жители тешките времиња ги оставиле зад себе, а Ротердамските улици се обновени со некои од најинтересните архитектонски решенија. Големата река Маас која минува низ центарот потсетува дека во градот секогаш нешто се случува, а крановите на едно од најголемите светски пристаништа ви даваат до знаење дека овде индустријата е добро утро, добар ден и добра ноќ.

Да е град Дирк Кајт би бил Ротердам.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 2003 год. се игра финалето на Холандскиот куп помеѓу Феенорд и Утрехт, Дирк Кајт имал само 23 години. Зад себе имал добра сезона во која за Утрехт дал 23 гола, но неговата екипа била аутсајдер против јакиот Феенорд, освојувач на Купот на Уефа, кој цела сезона се борел за титулата.

Но борбениот Утрехт предводен од неуморниот Кајт победил со 4-1 а идниот идол на „Де Кујп“ се претставил во најдобро светло. Асистирал за еден гол а и сам постигнал еден. На крајот од сезоната е прогласен за најдобар Холандски играч, што му осигурало трансфер директно во Феенорд.

После пет сезони во Утрехт се сели во Феенорд во првата сезона дава 24 гола а Феенорд завршува на трето место. Следната сезона дал 29 гола но неможел да игра и во одбрана па Феенорд е само четврт таа сезона.

Од Март 2001 до Април 2006 за Утрехт и Феенорд изиграл 179 натпревари, во осум сезони пропуштил само пет натпревари што доволно зборува колку бил физички спремен, а со неговата сила и желба за работа одма ги освоил темпераментните навивачи на Феенорд.

„Не планирам само така да си заминам од тука, заминувам само ако се јави некој голем клуб“- рекол Кајт после завршувањето на сезоната 2005/06 во која дал 25 гола.

Големиот клуб се јавил. Ливерпул искеширал 18 мил. евра и Кајт се преселил во Премиерлигата. Во специфичен клуб кој никогаш не трпи играчи кои се „шверцуваат“ Кајт за брзо време станал миленик на „Копот“. Впрочем Енфилд не ги заборава играчите кои на Манчестер му даваат хет трик.

Бил играч за големи натпревари, во 286 натпревари за Ливерпул дал 71 гол. Само Јан Раш и Стивен Џерард имаат повеќе дадено повеќе европски голови од него.

Потоа се сели во Фенербахче. Во лигата во која играчите одат да заработат првата сезона го освојува првенството а во втората купот на Турција. Го бараат повторно поголеми европски екипи но тој го одбира својот Феенорд. Рекол дека им должи нешто.
На клупата е неговиот екс соиграч Џовани ван Бронхорст, а Феенорд од неговото заминување во Ливерпул го поминал патот од дното до врвот на холандскиот фудбал. Tука e поразот од 10-0 од ПСВ во 2010 година , a и заостанување зад шампионот од 30 бода, но Феенорд полека се враќал кон самиот врв.

Уверен сум дека ќе бидеме шампиони. ,,Сакам да бидам шампион со Феенорд,, е првата негова реченица по враќањето на што му се смеела цела Холандија

Потпишал едногодишен договор и го повел Феенорд во борба за титуалата. Тргнале одлично а потоа од Декември до Февруари изгубиле седум натпревари по ред.

Со 35 години на крајот од кариерата не се повлекувал. Сезоната ја завршил со 23 гола и играл со Феенорд во финалето на купот. А таму, Утрехт. Тринаесет години покасно Кајт се нашол на исто место само во друга улога. Сега е фаворит, Го наместил првиот гол и Феенорд победил со 2-1,

„Ќе бидеме шампиони“ – повоторно рекол после продолжувањето на договорот на уште една сезона и пак сите му се смееле.
Му се смееа и пред две недели кога изгуби од Ексцелзиор во натпревар кој требаше да го добијат и да ја освојат титулата и наместо во последното коло да слават на „Де Кујп“ мораа да се „тресат“ до последните 90 минути од сезоната.

Се „тресеа“ 38 секунди, толку му беше потребно на 36 годишниот Кајт да постигне гол за 1-0, до крајот на натпреварот комплетира хет-трик и на својот Феенорд му носи шампионска титула после 18 години.

„Сите ми се смеевте, еве ви. Ова е најдобриот момент во мојата кариера. Никакво финале на Лига на шампиони, никакво трето место со Холандија… Знаев дека ќе бидеме шампиони. Феенорд не е клуб кој треба да се задоволува со реми со Ајакс и пласман во горниот дел од табелата. Треба да ве интересираат само титули“.

Дирк Кајт не е играч за кој после 20 години ќе речете „тој беше фантастичен“. Некои ќе го заборават, некои ќе речат дека не бил доволно добар за поголеми резултати. Но Дирк тоа нема да го интересира. Тој го оствари својот сон.

Сигурно е дека никој повеќе нема да му се смее.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ставови

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…