Лука Дончиќ со дабл-дабл учинок го предводеше Далас до триумф над шампионот Торонто, Џејмс Харден постигна 49 поени во победата на Хјустон над Минесота.
Во триумфот од 110-102 против Торонто, Дончиќ постигна 26 поени, со 15 скока и седум асистенции. Голема помош имаше од Прозингкис, кој исто така имаше дабл-дабл учинок од 20 поени и 15 скокови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хјустон во Минесота славеше со 125:105, а Џејмс Харден дуелот го заврши со 49 поени. „Ракетите“ на овој меч беа без Вестбрук, Капела и Гордон па „брадата“ беше повторно во неверојатно издание.
Резултати:
Чикаго – Бруклин 111:117
Индијана – Милвоки 83:102
Њујорк – Шарлот 102:103
Мајами – Њу Орлеанс 109:94
Минесота – Хјустон 105:125
Далас – Торонто 110:102
Сан Антонио – Портланд 116:121
ЛА Клиперс – Атланта 150:101