Дома Фудбал Останато Детето кое го „лулаше“ Бебето на Мундијалот во 1994 година денес чини 60 милиони евра

Детето кое го „лулаше“ Бебето на Мундијалот во 1994 година денес чини 60 милиони евра

Тоа беше култна сцена на мундијалот во 1994 година, во четвртфиналниот дуел во Далас, САД, помеѓу Бразил и Холандија. Бебето даде гол за 2:0 и со Ромарио и Мазињо погодокот го прославија на впечатлив и интересен начин – „нишајќи новороденче во рацете“. Е, токму тоа бебе кое тие фиктивно го „нишаа“ од вчера чини 60 милиони евра, бидејќи Матеус Оливеира штотуку стана играч на Спортинг од Лисабон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Офанзивниот играч за врска стигна од Есторила, на чие конто на име обештетување легнаа 1 милион евра, што доволно говои за тоа колку е пренапомпана откупната клаузула. Но, веќе се навикнавме на тоа од португалските клубови.

Меѓутоа, тоа не е најважната информација во оваа вест. Битно е дека Оливеира ќе го гледаме во наредните четири години на стадионот „Жозе Алваладе“. Се надеваме дека ќе го наследи талентот од неговиот татко. Кога како десетгодишно дете одеше на проби во Фламенго истите ги помина иако никој не знаеше кој е, бидејќи неговиот татко, легендарниот бразилски репрезентативец Бебето, не сакаше никакви протекции за својот син. А и Спортинг веројатно не би го купил туку така? На крајот на краиштаа, им играше тука, пред носот.

Инаку, порано, додека Матус Оливеира играше за Фламенго, се пишуваше за понуди од Јувентус и мадридски Реал, но можно е тоа, сепак, да беа само маркетиншки трикови на споменатите клубови. Бидејќи со такво педигре уште од самото негово доаѓање на овој свет – Оливеира е навистина интересен лик. Меѓу другото, и името го доби по легендарниот играч Лотар Матеус. На занимливостите им нема крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …