Раководството на Јувентус наскоро ќе им понуди нови договори на двајца важни фудбалери од тимот – Хуан Квадрадо и Војчех Шчешни, пренесуваат италијанските медиуми.
Според медиумите на Апенините преговорите со двајцата фудбалери се во напредна фаза и наскоро се очекува Колумбиецит и Полјакот да стават потпис на договорите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шчешни ја игра третата сезона во Јувентус, оваа му е втора како прв голаман, па челниците се задолволни од неговите изданија и сакаат да му го продолжат договорот кој истекува во 2021 година.
Од друга страна Квадрадо има договор до крајот на сезоната, но очигледно тренерот Сари смета на него и оваа година го користи на повеќе позиции.
Поради тоа раководството е спремно да ја продолжи соработката со Колумбиецот кој во Торино пристигна во 2015 година од Челзи.