Герет Бејл не заигра за Реал Мадрид од моментот кога се повреди во минатата репрезентативна пауза во натпреварот помеѓу Велс и Хрватска во Кардиф.
Најдобриот играч на Велс иако се опорави од повредата не играше за Реал минатата недела бидејќи се чуваше за Велс на кого му претстои борба за пласман на Европското првенство. Селекцијата на Гигс и понатаму има теоретска шанса да стигне до една од првите две места во групата и директно да се пласира на Европското првенство во 2020 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во сабота Велс ќе игра против Азербејџан на гости, а три дена подоцна против Унгарија во Кардиф.
„Играњето за Велс дефинитивно повеќе ме возбудува од играњето за Реал Мадрид. Тука сум како дома, зборувам на свој јазик и поубаво се чуствувам. Се чуствувам како да играм фудбал со другарите во парк бидејќи ги знам скоро сите, посебно постарите. Со некои играме заедно уште од У17“, изјави Бејл.