Дома Фудбал Тренерот на ЛА Галакси: Златан сака и заслужува да ја заврши кариерата во Серија А

Тренерот на ЛА Галакси: Златан сака и заслужува да ја заврши кариерата во Серија А

ЛА Галакси вчера и официјално соопшти дека на крајот од сезоната во МЛС завршува и епизодата на Златан Ибрахимовиќ во овој клуб.

За ваквиот развој на настаните се шпекулираше од поодамна, а наводно Ибра би можел да се врати во Италија. Се споменуваат Интер, Милан, Наполи и Болоња, додека претходно се шпекулираше дека 38-годишниот играч сака да ја почуствува “фудбалската романтика“ и да заигра во дресот на Бока Јуниорс.

Новинарите од италијанското радио Кис Кис се обидоа да добијат одговор за иднината на Ибра од тренерот на ЛА Галакси, Скелото.

„Не знам што ќе направи сега. Тој е фантастичен играч, но не го знам неговиот следен чекор, можеби ќе ја заврши кариерата во Наполи или Милан.“ – изјави Скелото и додаде:

„Не знам каде ќе биде, но тој сака и заслужува да ја заврши кариерата во Италија.“

Еден од клубовите кои се заинтересирани за Ибра е Наполи. Инаку, Златан во ПСЖ имаше прилика да соработува со актуелниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти.

„Добро се познаваат, Златан очигледно има карактеристики кои му се потребни на Наполи.“ – кратко прокоментира Скелото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…