Дома Фудбал Италија Интер спрема 30 милиони за играчот на Удинезе

Интер спрема 30 милиони за играчот на Удинезе

Интер наводно ќе мора да издвои 30 милиони евра доколку сака да го осигура трансферот на играчот на Удинезе, Родриго де Паул во јануари.

Според пишувањата на порталот Калочомеркато, Интер и натаму е заинтересиран за Де Паул, кој, од друга страна, не е недопирлив во Удинезе, односно клубот од Удине е спремен да преговара за негова продажба.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Можеби ќе имаме проблеми во јануари, Удинезе е клуб кој не може да ги задржи играчите ако стигнат богати понуди.“ – призна спортскиот директор на Удинезе, Перпаоло Марино во разговор за Радио 24.

Италијанците веруваат дека минимумот на кој Удине ќе се согласи да го продаде Де Паул е 30 милиони евра, а Интер би можел да ја намали цената на трансферот единствено ако вклучат некој свој играч.

Аргентинецот оваа сезона одигра 10 натпревари за Удинезе во сите натпреварувања, постигна еден гол и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо тргна кон Шпанците, а потегот на Де Ла Фуенте ќе се памети засекогаш (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија ја освои Лигата на нации откако вчера вечер, по …