Дома Фудбал Ракитиќ отворено за ситуацијата во Барса: Ми ја земаа топката, тажен сум

Ракитиќ отворено за ситуацијата во Барса: Ми ја земаа топката, тажен сум

Иван Ракитиќ во последниот период не добива баш многу шанса за игра кај Ернесто Валверде.

Долго време во медиумите се пишува дека Ракитиќ може да ја напушти Барселона, Валверде веројатно би се согласил Хрватот да биде искористен во некоја размена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега Ракитиќ за прв пат во емисијата на поранешниот фудбалер, Хорхе Валдано „Универсо Валдано“ призна дека не е среќен поради ситуацијата во која се наоѓа.

„Разбирам и ја почитувам одлуката на тренерот, клубот или кој и да ја донел. Но, многу дадов за клубот за овие пет години и сакам да продолжам да уживам. Имам 31 години, не 38 и се чуствувам дека можам да играм на највисоко ниво“, започна Хрватот

Ракитиќ оваа сезона само еднаш беше во првиот тим на Барселона.

„Како се чуствува мојата ќерка кога ќе и ја земат играчката? Тажно. Така се чуствувам и јас. Ми ја земаа топката и сега сум тажен“.

Ракитиќ не се грижи дали овие негови зборови можат погрешно да бидат протолкувани на „Камп Ноу“.

„Сакам да ги споделам своите чуства. Кога морам да плачам го правам тоа, кога треба да се слави славам“, јасен беше Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…