Славниот брачен пар од светот на спортот, бившата тенисерска ѕвезда Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, славниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, заедно со нивните синови Лука и Леон одлучиле да ја напуштат Америка и да се вратат во Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако Бастијан неодамна ја заврши кариерата, го одигра последниот меч за Чикаго, заедно со Ана одлучија да се преселат во земја која е близу до нивните татковини Србија и Германија, изборот паднал на Австрија.
Ана и Бастијан заедно со децата ќе живеат во луксузна вила во малото гратче Вестендорф под Алпите, во близина на Кицбил. Оваа вест ја потврдила и градоначалничката на гратчето, Анамари Плизајз.

„Ана и Бастијан ќе се доселат во текот на 2020 година“, изјавила Анамари Плизајз.
Бастијан во 2018 година во Вестендорф има купено плац на кој сега се гради прекрасна вила.