Дома Фудбал Неверојатна ситуација во Ла Лига: Поради парламентарните избори Барди и Леванте значително ослабени

Неверојатна ситуација во Ла Лига: Поради парламентарните избори Барди и Леванте значително ослабени

Соиграчот на Барди од Леванте, Аитор Фернандез се најде во една неверојатна ситуација.

Шпанскиот прволигаш многу веројатно ќе биде без својот стандарден голман Аитор Фернандез во неделниот натпревар против Атлетик Билбао, а причината е неверојатно – чуварот на мрежата мора да работи како контролор на избирачко место.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, покрај фудбалот во недела во Шпанија ќе има парламентарни избори и Фернандез се наоѓа на листата резервни членови на комисијата и мора да се појави за во случај да треба помош тој ден. Неговата изборна единица е неговиот град Мондрагон. Сите кои сакаат да ја избегнат оваа обврска мораат да приложат адекватно оправдување, а молбата на Леванте да го ослободи голманот ескпресно била одбиена.

Дополнителен проблем за Леванте е што резервниот голман Ојер Олазабал е повреден и нема да биде во комбинација за настап.

Леванте денес ќе испрати нова желба за голманот да биде ослободен, а како пример ќе ја приложат ситуацијата која се случи со Инаки Вилијамс во 2015 година. Тогаш напаѓачот на Билбао се нашол во иста ситуација и бил ослободен, па дури и постигнал гол за Билбао токму против Леванте во победата од 2:0. Интересно е што уште еден играч на Леванте, Хорхе Мирамон исто така требало да се појави во недела на изборите, но тој добил дозвола од својот роден град да остсуствува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…