Педро Родригез е член на генерацијата на Барселона која доминираше во Европа, но годините си го прават своето и повеќе не е во прв план во Челси, каде е член веќе четири години.
Педро кој има 32 години не се изнаигра оваа сезона и според пишувањата на британските медиуми на крајот од сезоната ќе ги напушти редовите на Сините како слободен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Следната дестинација за искусниот офанзивец би требало да биде турската Суперлига и екипата на Фенербахче, пренесуваат медиумите во Англија повикувајќи се на извори од Турција.
Се наведува дека менаџерот на Педро во блиска иднина ќе седне на преговарачкиот стол со спортскиот директор на Фенербахче и ќе започнат преговори.
Со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот од сезона Педро од јануари ќе има слобода да преговара со други клубови.
Педро на Стемфорд Бриџ пристигна во 2015. година. Во меѓувреме одигра 191 натпревар и постигна 42 гола. Со Сините ја освои ПЛ, ФА купот и Лига Европа.