Баерн Минхен без поголеми проблеми славеше против Олимпијакос со 2:0 и обезбеди пласман во следната фаза. Јувентус во судиското продолжение дојде до три бода против Локомотив Москва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот во Москва започна возбудливо уште од самиот старт. Веќе во 3-та минута Роналдо изведе слободен удар од косо, голманот ја испушти топката од раце, а пред самата гол линија Рамзи ја „заби“ во голот.
Меѓутоа, веќе во 12-та минута домаќините го израмнија резултатот со голот на Миранчук. До полувремето Јувентус создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол.
И во вториот дел гостите беа поконкретни, а победата стигна во 93-та минута со голот на Даглас Коста после една фантастична акција.
Баерн Минхен со новиот тренер имаше неколку промени, во тимот се вратија Милер и Горецка, а Баварците ја оправдаа фаворитската улога.
Во првото полувреме мрежите мируваа, иако домаќините беа подобри на теренот. Предноста стигна дури во 67-та минута кога Левандовски погоди за 1:0, а конечните 2:0 ги постави Перишиќ во 89-та минута.