Дома Фудбал Италија Анчелоти поради хаосот го напушта Наполи, но и европскиот фудбал?

Анчелоти поради хаосот го напушта Наполи, но и европскиот фудбал?

Трофејниот стратег Карло Анчелоти кој во кариерата ги водеше некои од најголемите европски клубови од јануари би можел да работи надвор од европскиот фудбал.

Анчелоти во овој момент работи како шеф на стручниот штаб на Наполи, а од почетокот на 2020 година би можел да седне на клупата на Бока Јуниорс, објави „Фокс Спорт“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот стратег води ладна војна со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и наводно поради тоа, како и поради послабите резултати во последно време би можел да го напушти клубот.

Во Бока наскоро ќе бидат одржани претседателски избори затоа и не треба да чуди што Анчелоти се поврзува со тренер од калибарот на Анчелоти.

Кога е ситуацијата во Наполи во прашање, Анчелоти вчера ја откажа прес-конференцијата и одби да зборува за медиумите, додека играчите не ја послушаа наредбата на првиот човек Де Лаурентис да останат во карантин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…