Дома Фудбал Лига на шампиони Интер вчера прв пат во својата историја испушти два гола предност во Европа

Интер вчера прв пат во својата историја испушти два гола предност во Европа

Вчера Интер беше на добар пат да оствари победа во најелитното европско натпреварување, меѓутоа Борусија Дортмунд од 0:2 на полувремето успеа да направи пресврт и да слави со 3:2.

Конте после натпреварот беше бесен, дури и отворено ја обвини управата дека направила грешки во летниот преоден рок.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Со вчерашниот натпревар беше ставен крај и на една традиција која ја имаше Интер. Имено, Интер никогаш се до вчера не испуштил два гола предност во еден европски натпревар. Таа традиција на Интер траеше 28 натпревари и заврши со вчерашниот натпревар.

Сега Интер е во незавидна позиција на табелата во групата. Италијанците се наоѓаат на третата позиција со четири бода, Борусија има седум, Барса осум, Славија е последна со два.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лука Модриќ има нов клуб: Нема потреба да го претставиме, доаѓа во август

Ако постоеше каква било надеж дека Лука Модриќ би можел да ја продолжи кариерата во Реал М…